Во Швајцарија е убаво, но иднината си ја гледа дома
Катица Мркоњиќ пред 33 години се преселила со семејството во Базел, и родната Хрватска ја заменила со Швајцарија.
Таткото на Катица бил сезонски работник и откако ги средил документите заминал во Швајцарија со сопругата и трите деца.
„Нормално дека сакавме сите заедно да бидете како семејство, а не да останеме во Хрватска, а татко ми да биде во друг свет и така падна одлуката за преселување“ - вели таа.
Со 16 години работела во фабрика за чоколади, а на 19 години почнала да работи во трговија.
Така работела до својата 40-та година, а последните 6 години работела во болница.
„Работното време е 8 часа. Од 7 наутро, со две - три паузи до 19.30 часот. Работничките права се коректни и реални“ - додава Мркоњиќ.
Додава дека е тешко да се добие работа во Базел, а Хрватите работат во градежништво, чистење, сервисирање.
Таа објаснува дека Швајцарците се точен народ, но се ладни за разлика од Хрватите за кои вели дека се отворени и подготвени да помогнат.
Сепак, оваа Хрватка вели дека засега годишно оди по 5 недели во родната земја и таму планира да се врати.
