Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Штип ќе се наплака паркинг

Во Штип ќе се наплака паркинг

Од 1-ви јуни штипското претпријатие „Стипион 2011“ се подготвува да почне  наплатата на паркинг местата на улицата „Ванчо Прче“ во центарот на градот.

Директорот на ЈП „Стипион 2011“ вели дека останува уште да ги добијат подвижните материјали и да се одредат локации, каде што граѓаните ќе можат да ги купуваат билетите.

- Сметам дека до 1 јуни ќе бидеме подготвени за старотот на наплатата на паркинг местата на улицата „Ванчо Прќе“. Паркинг местата се обележани, а шест вработени од претпријатието ќе ја извршуваат наплатата, но и контролата, рече Јовев.

Тој додаде дека околу 60 жители и фирми на улицата „Ванчо Прќе“ веќе пиоднеле барање за месечно или годишно резервирање на паркинг простор за нивните автомобили. Цената за паркирање во центарот на Штип ќе изнесува 25 денари за еден час, но ќе има попусти за месечните и годишни билети.

Слично

Поврзани вести