Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во селото Злеово дежура медицински тим од Скопје

Во селото Злеово дежура медицински тим од Скопје
Министерството за здравство учествува во обезбедување здравствена заштита за жителите од радовишкото село Злеово, преку тимови од ЈЗУ Здравствен Дом-Скопј. Поради отсечена комуникација и неможност граѓаните да добијат здраствена заштита и соодветен терапевтски третман екипи на Итната медицинска помош, како што соопшти ЈЗУ Здравствен Дом-Скопје, 24 часа го обезбедуваат теренот во Злеово. Покрај здравствените прегледи, Здравствен дом-Скопје обезбеди и аналгетици, антипиретици и антибиотска терапија за месното население, а преку Биро за лекови обезведена е терапија за хронично болните. Според соопштението, тимовите ќе бидат во населеното место додека тоа е потребно. Над 1.500 жители од селото Злеово останаа целосно отсечени со уривање на мостот на Стара Река, предизвикано од силниот дожд што пред три дена го зафати Струмичко-радовишкиот регион.
Слично

Поврзани вести