ВО САЛОНИТЕ НА МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ: Елена Ристевска го потпишува својот најнов албум
Македонската популарна пејачка Елена Ристевска денеска во просториите на Македонски Телеком во трговскиот центар Рамстор на своите фанови им го подари нејзиниот најнов албум и делеше автограми.
Оние кои ја пропуштија оваа шанса, а сакаат да се запознаат со музичка ѕвезда можат да си ја остварат желбата уште утре и тоа во салонот на Македонски Телеком во Капитол Мол.
Посетителите исто така можеа да се информираат за регистрирање кон услугата LOOP која овозможува брзо и едноставно, фотографиите и видеата да бидат достапни на нивните паметни телефони, на MaxTV, на компјутер и на таблет.
Потребно е само да се активира услугата LOOP на www.loop.mk, да се кликне на копчето „регистрирај се” и сајтот ќе ве води чекор по чекор низ постапката, или пак да се преземе бесплатната апликација од Google Play и App Store. Потоа, следува споделување!


