Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во сабота се отвора најголемиот и најмодерен базен на отворено- Базен Аеродром

Во сабота се отвора најголемиот и најмодерен базен на  отворено- Базен Аеродром

Летната сезона и официјално започна со најава за отворање на најголемиот базен на отворено кај нас, Базен Аеродорм.

Во сабота, 6-ти јуни, 2015 година, во 10 часот сите љубители на водата, пливањето, сончањето и уживањето ќе може да бидат дел од отворањето на новата сезона на Базен Аеродром.

aerodrom bazen 2

Тимот и содржините кои победуваат не се менуваат, па така од менаџментот на базенот најавуваат дека ќе се задржат содржините од изминатата сезона, но и дека ќе се надополнат со забава за најмалите и останати спортски активности. Деталите за новите содржини ќе бидат најавени во текот на месецот.

aerodrom bazen

Базен Аеродром е локација на која може комплетно да се ужива, така што покрај пливањето и сончањето ќе може да се проба по некој од специјалитетите на летната бавча ,,Фирма” во комплексот на базенот, или да се разлади со ладен пијалок од останатите барови за разладување кои работат во склоп на Базен Аеродром.

aerodrom bazen 1

Она што преостанува е сите љубители на водата, сончањето и водените лудории да се подготват и дојдат на отворањето на Базен Аеродром, во сабота на 6-ти јуни во 10 часот, затоа што ова е настан кој ќе биде вистинско освежување за сите граѓани.

Слично

Поврзани вести