ВО САБОТА ќе видите реткост: Крвава боја ќе ја обои Месечината!
Во саботата вечер, крваво црвена боја ќе ја обои Месечината. Тоа ќе биде трето од четирите последователни „крвави помрачувања“, што е могу редок феномен, кој , според тврдењата на еден американски свештеник е опишано во Библијата.
Експертите предвидуваат дека Месечината ќе биде целосно помрачена цели пет минути и дека таа појава ќе може да се види на небото од САД, Азија и Австралија.
Според податоците на НАСА, овој феномен се случил пред се неколку пати во последните 200 години.
Библијата на кралот Џејмс (англиски превод на светата книга од 1611 година) наводно ја предвидела оваа ситуација.
„Сонцето ќе се претвори во темница, а Месечината во крв, пред да големиот и ужасен Божји ден дојде“. Џон Хаг, американскиот свештеник, тврди дека е многу симболично времето на појавата на овој феномен, и дека тоа се случува исклучиво за три дена - „од петок, Исусовата смрт до недела, неговото воскреснување“. -Луѓето веруваат дека работите се менуваат и дека Господ се обидува да комуницира со нив на тој начин. Кој сум јас тоа да го оспорувам - вели свештеникот, и додава дека кодот на „крвавата Месечина е посебно тоа што тој го исполнува пророштвото од светата книга“.
Слично
