Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Русија капучиното станува каПутино

Во Русија капучиното станува каПутино

Инвентивни руски претприемачи на  познатиот италијански кафе пијалок „капучино" му дадоа име „каПутино", информира НТВ. 

Во различни установи во земјата веќе може да се добие капучиното прекрстено во чест на претседателот Владимир Путин.

Реакција за преименувањето на пијалоци имаше премиерот Дмитриј Медведев. На 16 ноември годинава на седница на Евроазискиот меѓувладин совет премиерот на шега предложи легендарното кафе „американско" да биде преименувано, бидејќи називот му звучи „не политички коректно". 

Неговиот ерменски колега Карен Карапетан веднаш даде идеја тоа да биде наречено „Русија". Шегата на политичарите веднаш се прошири низ социјалните мрежи, а сопствениците на кафулињата во Русија масовно почнаа да ја применуваат идејата на пракса.


Слично

Поврзани вести