Во работниот простор поминувате половина од животот – време е за еко канцеларија
Во просек луѓето поголемиот дел од својот
животен век го поминуваат на работа, во зависност од компанијата, некогаш во
вашиот работен простор се присутни помалку, а некогаш и повеќе луѓе. Според
законите на природата вие како единка можеби не можете да направите револуција,
но со трпение и полека можете да влијаете да се случат промени.

Користете енергетски ефикасни светилки (CFL или LED), кои трошат 75 отсто помалку од светилките со вжарено влакно, ако вашата компанија не го направила тоа дајте предлог и објаснете го процесот на заштеда, со сигурност ќе биде прифатен. Не заборавајте да ги исклучувате светлата кога во просторијата нема никој, оваа навика ќе биде корисна и ќе почнете да ја практикувате и дома.
Ставете ги вашите монитори на sleep mode на што е можно пократко време, нешто што можете да го направите сами, а воедно и да го задржите векот на компјутерот, заштита од прегревање како и зголемување на брзината на работа.
Доколку сте во можност користете апарати кои имаат ознака за енергетска ефикасност (пр. Energy Star).
Во работните простории пожелно е да користите стаклени или керамички чаши наместо пластични кои се за еднократна употреба или пак користете термос за вашето утринско кафе.
Во денешниот свет на развиени телекомуникациски мрежи подобро е да користите телекомуникација и видео конференции за вашите состаноци, наместо долги патување со возило или авион.
Искористете ги непотребните испринтани страници за пишување белешки и слични интерни документи. Старите кутии повторно употребете ги за складирање на разни документи
Реорганизирајте го канцеларискиот материјал пред да направите уште една нарачка.
Често на работното место се генерира голема количина на отпад, во зависност од големината на компанијата како и нејзината дејност. Наместо да завршува отпадот неселектиран, истиот лесно може да се рециклира.
Старите тонери и батерии предајте ги на лиценцирана фирма за управување со електронски и електричен отпад.
Одвојте посебно место за фрлање на веќе неупотребливата хартија, списанија, пликоа и сл.
Генерирајте помалку отпад, со тоа што ќе консумирате природна храна како овошје и зеленчук или пак храна претходно подготвена од дома. Користете велосипедска пошта за вашите документи. За превоз до работа или пак воопшто и за домашни потреби секогаш кога сте во можност користете јавен превоз или пак велосипед.
И секако внесете растенија во вашиот работен простор или пак дома кои покрај нивната естетика го прочистуваат внатрешното загадување на воздухот и ја прават просторијата по пријатна.
Пет главни еколошки совети
Најважна работа на која треба да се сетите кога ќе фрлате ѓубре се овие пет збора: Редуцирај, Намали, Искористи, Поправи, Рециклирај
Ова значи дека иако постојат депонии кои се добар начин за згрижување на отпадот што не може повторно да се употреби или рециклира, најважно што можеме да направиме е да не правиме непотребен отпад. Значи, запомнете:
- Размислете за работите што ги купувате и ресурсите што ги искористувате – треба да се обидеме да ја намалиме потрошувачката и да го намалиме количеството на отпад што го произведуваме
- Намалете го износот на секојдневниот отпад
- Повторно употребете ги работите пред тие навистина да станат отпад
- Поправете ги работите секогаш кога тоа е можно
- Рециклирајте сè што може да се рециклира
Време е за еко канцеларија, да тргнеме од себе и да делуваме за климатските промени. Проектот „Да зборуваме за климатските промени“ финансиран од Делегација на Европска Унија во земјава, го имплементираат здруженијата Центар за истражување информирање за животна средина ЕКО-СВЕСТ, CNVP –Macedonia и Движењето на екологистите во Македонија-ДЕМ, преку него делуваат за климатските промени во државава.
