Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во просториите на Скопје Сити Мол ќе се одржи редовна вежба за евакуација

Во просториите на Скопје Сити Мол ќе се одржи редовна вежба за евакуација

На ден 18.12.2019 среда во 07:30 часот, во просториите на Скопје Сити Мол, согласно законските обврски и правилникот за работа на трговскиот центар, ќе се одржи редовна вежба за евакуација.

Целта на оваа интерна активност во форма на евакуација, е да се тестира системот за заштита и спасување на трговскиот центар. Вежбата за евакуирање ќе биде изведена под надзор на Кризниот штаб на Универзалната единица за заштита и спасување на Скопје Сити Мол.

Главната цел на вежбата е СПРАВУВАЊЕ СО ВОНРЕДНА СИТУАЦИЈА и евакуација на сите присутни вработени во локалите во Скопје Сити Мол , како би биле подготвени за управување на најдобар можен начин со можни ризици и вонредни ситуации.

Евакуацијата ќе биде спроведена од страна на мониторинг центарот , оперативците од Агенцијата за обезбедување ОСА, како и  учество на вработени од службата за чистење СЕРТА, како и Министерство за внатрешни работи, Бригадата против пожарна единица на Град Скопје и службата за итна помош. 

Слично

Поврзани вести