Во продажба првите 100 билети по поевтина цена за конференцијата за е-трговија
Во пресрет на првата
конференција за е-трговија во Македонија, која ќе се одржи на 26 октомври во
Хотел Мериот во Скопје, во прилог испраќам информација за медиуми по повод
пуштањето во продажба на картите за настанот, сега достапни по промотивна цена.
Инаку, темата на конференцијата е „e-Трговија: е-Иднина за е-Македонија!”, а на истата е планирано присуство на повеќе од 20 домашни и интернационални говорници кои ќе ги споделат своите искуства и ќе дебатираат на внимателно одбрани панел дискусии за предизвиците со кои што се соочуваат е-трговците во Македонија и можни решенија за истите, развојот, видовите на плаќања, начини на достава, а ќе се споделат и маркетинг искуства за тоа што функционира во е-трговијата на локално и глобално ниво.
