Во пресрет на Божиќ, нови играчки за градинките во Струмица
Во пресрет на големиот христијански празник Божик, градоначалникот Зоран Заев подари нови играчки за детските градинки „Детска радост” во Струмица. Вкупната вредност на донираните играчки изнесува 250 илјади денари.
„Грижата за најмалите е наша главна и примарна задача. Нивното здравје и едукација се инвестиција во нашата иднина. Со нашата денешна донација, реализираме уште една ставка од општинскиот буџет за 2012 година, во вкупна вредност од 250 илјади денари“,истакна Заев.
Во градинките на „Детска радост”, во Струмица се згрижени над 800 деца.
Слично
