Во петок втор состанок на Мрежата за поддршка на млади претприемачи
На 30 јануари годинава, петок, со почеток во 11:00 часот, во хотел Сириус во Струмица, „Мрежата за поддршка на млади претприемачи“ ќе го организира вториот состанок со претставници од невладини и владини институции на тема „Создавање на бизнис средина за развој на претприемачи“ - вториот столб од Европската претприемачка стратегија 2020.
Целта на состанокот е преку дијалог да се добие релевантен придонес потребен за развој на заеднички стратешки акционен план на „Мрежата за поддршка на млади претприемачи“ во согласност со Европската претприемачка стратегија 2020.
Организаторот ги кани сите претставници од невладини и владини организации кои работат со млади во доменот на претприемништвото, кои може да го пријават своето учество на со испраќање порака на: olivera.aritonoska@yes.org.mk.
Проектот „Мрежа за поддршка на млади претприемачи” е финансиран од Европската Унија и има за цел да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации и да овозможи нивно вмрежување и координација на иницијативите за поттикнување на младинското претприемништво и активно вклучување на младите на пазарот на трудот.
Слично
