Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Охрид првата група пензионери од проектот за бесплатен туристички викенд

Во Охрид првата група пензионери од проектот за бесплатен туристички викенд

Престојниот викенд во Охрид ќе пристигне првата група од 242 пензионери, во рамки на проектот на Владата за бесплатен туристички викенд. Тие ќе бидат сместени во Извидничкиот хотел во Далјан, како и во хотелите „Амбасадор“ и „Дипломат“.

Втората група пензионери во Охрид ќе одмара за викендот од 27 до 29 март, додека третата група е планирана во периодот од 3 до 4 април. Освен во Охрид во пролетната програма по три групи пензионерите бесплатно ќе викендуваат и во хотелите „Полин“ во Дојран и „Лаки Вју“ во Отешево.

Со проектот Бесплатен туристички викенд е планирано да се опфатат до три илјади корисници на пензија, односно лица-корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија. Викенд-престојот вклучува услуга од 2 полни пансиони и автобуски превоз до хотелскиот објект.

Слично

Поврзани вести