Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Охрид почнува фестивалот на вино и сирење

Во Охрид почнува фестивалот на вино и сирење
Фестивалот на сирење и вино во Охрид ќе биде отворен вечерва на плоштадот „Чинар“ односно некогашниот „Крушевска Република“. На фестивалот, кој ќе трае два дена, учество ќе земат 20 излагачи кои своите производи ќе ги излагаат после 17 часот и  за посетителите ќе бидат отворени до 24  часот. Целта на овој фестивал е промоција на виното и сирењето како специфични македонски производи, изјави Ѓоко Апостолоски од Секторот за туризам и локален економски развој во Општина Охрид. „По неколкугодишниот прекин на манифестацијата истата годинава е обновена со внесување повеќе иновации со намера  да биде попривлечна за гостите. Покрај излагачи од југозападниот регион на Македонија кои беа присутни и во минатите изданија, годинава за првпат свои штандови ќе имаат и производители од Ресен и Корча – Албанија. Со тоа настојуваме манифестацијата да добие меѓународен карактер. Иновативност во фестивалот е начинот на презентација на производите“, истакна Апостолоски.  
Слично

Поврзани вести