Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во НовоЛото добивка од речиси 225 илјади денари

Во НовоЛото добивка од речиси 225 илјади денари
Тринаесеттото коло на НОВОЛОТО 7/34, синоќа ја донесе премијата Џокер со 5 погодоци, вредна 224.812 денари. Уплатата е извршена на продажното место Р.Е. ИДА во Скопје. Покрај уплатените 6 комбинации, играчот уплатил само еден Џокер број со вредност од 20 денари, а добил над 224.000 денари - односно Џокерот му донел 10 000 пати поголема добивка од влогот. Уплатата на еден Џокер број чини 20 денари, а на едно помошно ливче може да се уплатат до 20 Џокер броеви. Во 5тото коло од оваа 2014 година имаше добитник на премијата 6+1. Уплатата за 14-тото коло веќе е во тек, а неговото извлекување ќе може да се следи в сабота, најавуваат од Државната лотарија на Македонија. Ова се резултатите и среќните бројки:  
Слично

Поврзани вести