Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во недела дел од центарот на Скопје затворен за сообраќај

Во недела дел од центарот на Скопје затворен за сообраќај
Центарот на Скопје во недела ќе биде затворен за движење автомобили. Според известувањето од Град Скопје,  од шест до 13 часот ќе има градежни работи, поконкретно на улицата Даме Груев каде е најавен целосен прекин на сообраќајот од  потегот од крстосницата помеѓу улицата Даме Груев и улицата Димитрие Чуповски, па се до крстосницата со улица Македонија. Поради тоа, надлежните известуваат дека сиот сообраќај од Даме Груев ќе биде пренасочен на улицата Димитрие Чуповски. Оттаму апелираат до возачите да ги почитуваат поставените знаци и времениот режим на сообраќај додека се врѓат најавените градежни зафати.
Слично

Поврзани вести