Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Маврово во организација на Халкбанк се одржа уште една успешна ХалкВелоГрин трка

Во Маврово во организација на Халкбанк се одржа уште една успешна ХалкВелоГрин трка

Уште една успешна ХалкВелоГрин хронометар велосипедска трка се одржа на 8 септември во Маврово. Над 200 вљубници во велосипедизмот празничниот неработен ден го искористија да се дружат, забавуваат и натпреваруваат, а најбрзите од нив, во различни категории, освоија и вредни награди. Организатор на трката што се одржа четврта година по ред и веќе стана традиционална е Халканк АД Скопје, и истата е дел од еко - платформата ХалкЕко на банката чија што цел е поттикнување здрави животни навики и придонесување за подобра животна средина.

Самата трка годинава, покрај натпреварувачкиот дух, доби повеќе и забавен и рекреативен карактер, ставајќи го акцентот на велосипедот како средство за рекреација, спорт и движење за секој.

Оваа година во категоријата ВОЗРАСНИ во женска конкуренција најбрза беше Андријана Анастасоска, второто место го освои Александра Танасоска, а третото Лидија Мано Илиев. Во истата категорија во машка конкуренцја прв на целта пристигна Димитар Јовановски, а зад него Кирил Марковски и Маријан Тасевски. Во оваа категорија, инаку, годинава беа формирани и подкатегории според возраста и тоа мажи и жени од 40 до 49 години, од 50 до 59 години и над 60 години. 

Во категорија ДЕЦА, кај оние на возраст од 13 до 17 години најбрзи беа Симона Стојановска oд девојчињата, Андреј Маџоски, Константин Костоски и Никола Ристески од машките, а кај најмладите велосипедисти, деца од 6 до 12 години кои возеа траса долга 12 километри, (до Никифорово и назад), првите три места ги освоиј Оља Цветанова, Тија Кукунешоска и Софија Кутаноска од женските и Марко Михајлов, Марко Шаврески и Марко Чекеровски од машките деца.

Бидејќи годинава имаше можност и за тимско пријавување, за најбрзи тимови беа проглесени тим Нивеа, тим ЈЦА и тим Халкбанк.

Најдобрите велосипедисти во сите категории освоија и вредни парични награди кои што ги обезбеди Халкбанк и тоа 15.000, 10.000 и 5.000 денари за освоените прво, второ и трето место во категоријата ВОЗРАСНИ, во машка и женска конкуренција, односно во категоријата ДЕЦА, од 10.000, 5.000 и 3.000 денари. Паричните награди во категоријата ВОЗРАСНИ ќе бидат исплатени на сметка на добитникот во Халкбанк и секој од добитниците ќе добие гратис MasterCard дебитна картичка.

Трката ХалкВелоГрин е само дел од многубројните настани и активности кои Халкбанк како еко ориентирана компанија ги организира или ги поддржува преку својата платформата ХалкЕко која што ја претставува „зелената агенда“ на банката. Во средиште на платформата е истоимената апликација преку која, со вредни награди, банката ги мотивира корисниците што повеќе да пешачат или да користат велосипед или тротинет како превозни средства.

Како и секоја година и годинава, собраните средства од котизациите за учество во трката Халкбанк повторно ќе ги искористи за  општествено корисни цели.

ПР објава

Слично

Поврзани вести