Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Македонија има 2,3 милиони корисници на мобилна телефонија

Во Македонија има 2,3 милиони корисници на мобилна телефонија
За речиси 2% се зголемил бројот на мобилни претплатници во Македонија до септември 2012 година во споредба со 2011 и околу 4 % повеќе во споредба со вториот квартал од 2012 , соопштуваат од Агенцијата за електронски комуникации. Пенетрацијата во мобилната телефонија достигнаla ниво од 112 %. При-пејд корисници во земјата се 1 милион и 453 илјади граѓани, додека со  пост – пејд договори разговараат 581,278 илјади граѓани додека договори за пост – пејд бизнис потпишале  265,182 лица. Корисниците на мобилни телефони генерирале сообраќај во должина од една милијарда минути односно 17, 3 % повеќе од 2011. Со 49,5 % Т- Мобиле е прва на пазарот , на второ место е ВИП со 27,2 % додека на трето место се наоѓа Оне со 23, 3 % од вкупниот пазар. Сепак растот на мобилната телефонија го намалил вкупниот број на фиксни линии минатата година на 407,896 или за 1,35 % помалку од 2012. Во фиксната телефонија водечка компанија е Македонски Телеком со две третини од пазарот, на второ место е Оне со 15, 4 % , Близу со 8,2 %, Аикол со 4,7 % и Неотел со 3,8 %. Бројот на корисници на широкопојасен интернет  е 320,257 или 11,2 % повеќе од 2011 а бројот на корисници на широкопојасен интернет кои користат 2Г/3Г мрежи пораснал за 15,9 % и ја достигнал бројката од 446,288 што е речиси 20 % повеќе од минатата година. Бројот на корисници на платена  телевизија е 263,953 или 9,2 % повеќе од 2011, од нив  корисници на кабелска телевизија се 166,057.  58,385 користат ИПТВ платформа , ДВБТ претплатници се вкупно 37,862 додека 1,649 користат ДТХ/ Сателиска платформа.
Слично

Поврзани вести