Само лани над 8 илјади Македонци добиле бугарски пасош
Во текот на минатата 2012 година 8.185 граѓани на Македонија добиле бугарско државјанство, соопшти денеска бугарската Влада.
Потпретседателот на Комисијата за бугарско државјанство во странство, Маргарита Попова, извести дека 881 државјанства се дадени на Бугари кои живеат во Руската Федерација.
- Во 2012 година се издадени 60 декрети за обновување на бугарско државјанство за 607 лица. Вкупно 136 лица повеќе не се бугарски државјани и за нив се издадени 14 декрети ,изјави Попова.
Слично
