Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Куманово доделени бесплатни дигитални приемници за корисници на социјална помош

Во Куманово доделени бесплатни дигитални приемници за корисници на социјална помош

Од Центарот за социјални работи Куманово информираат дека корисниците на социјална парична помош може да дојдат во просториите на центарот и бесплатно да подигнат дигителен применик.

- Во центарот бесплатни дигитални приемници може да подигнат 3.600 корисници на социјална парична помош, колку што се евдидентирани во трите општини Куманово, Липково и Старо Нагоричане, вели директорот на кумановскиот Центар за социјални работи Даниел Живачки.

Според него, на овој начин корисниците на социјалната парична помош ќе немаат дополнително оптоварување на семејните буџети со процесот на дигитализција во државава, што ќе стратува од први јуни годинава.

- Дури и оние лица кои во текот на месец мај поднеле барање за користење на социјална парична помош и на кои им е одобрено ќе имаат можност да си подигнат применик. За подигањето освен документ за лична идентификација не се потребни други документи, информира Живачки

Слично

Поврзани вести