Во кои земји најмногу се пие?
Првите две места на листата ги заземаат Русија и Јужна Кореја.
Корејците пијат повеќе од Русите. Корејците имаат најдолг работен ден во светот и масовно пијат за да го олеснат стресот. Омилен им е традиционалниот пијалак соджу. Вкусот е близок до оној на водката. Северна Кореја дури создаде алкохол кој не води до мамурлак.
Голем дел од Корејците сметаат дека алкохолот не е штетен, и прифатено е да се пие дури и за време на важни деловни состаноци.
Рангирањето е направено според податоците на Euromonitor, во кои се наведени земјите каде се пие најмногу алкохол како вотка, ракија, рум и други пијалоци.
Меѓу земјите каде се пие големо количество алкохол се Јапонија, Украина, Тајланд, Филипините, Бугарија и други држави.
