Во кои скопски општини утре ќе нема струја?
Корисниците лоцирани на улицата „Сава Ковачевиќ“ бр. 68, општина Кисела Вода утре од 08:30 до 14:30 часот ќе бидат без струја.
Од 09:30 до 13:30 часот утре без струја ќе останат корисниците од населените места Средно Коњари, Дивље и Сушица во општина Петровец. Во периодот од 12:15 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улиците „Милан Марковиќ“ и „Пијанец“ во општина Карпош.
В сабота од 08 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од село Визбегово, како и индустриската зона Визбегово, општина Бутел, соопшти Регионалниот Центар за управување со кризи на Град Скопје.
Сите прекини се поради изведување веќе предвидени технички инвестициски зафати во дистрибутивната електроенергетска мрежа од ЕВН Македонија
Слично
