Во кои делови на Скопје утре ќе нема струја и вода?!
Струја ќе нема во општините Карпош, Бутел, Чучер Сандево и Ѓорче Петров
Како што извести Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје утре од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Букурешка, Париска и Варшавска, во општина Карпош.
Во периодот од 9.00 до 15.00 часот, струја ќе немаат жителите од улица Призренска во општина Бутел, од 10.00 до 13.00 часот, корисниците од селата Мирковци, Оризари, Глуво, Голиево и Бразда во општина Чучер Сандево, додека 11.00 до 15.00 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул.101 во населба Волково
Без вода ќе останат Маџари, Хиподром и Трубарево Поради отстранување уличен дефект на водоводна цевка со пречник од 400 милиметри, под надвозникот во населбата Ченто во близина на Агросевис ќе има прекин на водоснабдувањето информира РЦУК. Во период од 9 до 15 часот без вода за пиење че отанат жителите на населбите Маџари, Хиподром и Трубарево.
Слично
