Во кодот на „Android Wear“ има референци кон „iOS“
Веќе стана збор дека „Android Wear“ може и да работи со „iOS“, но оваа публикација беше основана на гласини.
Сепак, се чини дека тие не се неосновани, бидејќи во кодот на „Android Wear“ беа пронајдени линкови кон центарот за известувања на „iOS“ што најверојатно значи дека „Google“ подготвуваат интеграција на платформата со оперативниот систем на „Apple“.
Авторот на софтверот од кој е откриен предметниот код, го нашол во „Android Wear 4.4W“ и прецизира дека сеуште не проверил дали тој бил присутен и во „Android Wear 5.0“, бидејќи, ако го нема таму, тоа ќе значи дека „Google“ или тестираат нешто или се откажале од планот за интеграција со „iOS“.
Слично
