Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Кочанско продолжен рокот за земјоделски субвенции

Во Кочанско продолжен рокот за земјоделски субвенции

До 20-ти октомври оваа година е продолжен е рокот за поднесување на апликации за добивање субвенции во подрачната единица за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.

- Во нашата Подрачна единица заклучно со 20. септемеври кога заврши рокот за поднесување барања за субвенции,беа поднесени вкупно 3.032 барања од земјоделеци,истакна Влатко Минов од Подрачната единица во Кочани.

Според него, во наредните неколку дена се очекува уште 30 земјоделеци од Кочанско, Зрновско и Облешевско да поднесат документи за добивање субвенции.

Слично

Поврзани вести