Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Карпош повторно ќе снема струја!

Во Карпош повторно ќе снема струја!

Дел од потрошувачите лоцирани на улицата „Никола Русински“ во близина на Тинекс маркетот во Карпош утре од 11:10 до 12:10 часот ќе останат без електрична енергија.

Од 9:30 до 18 часот, струја ќе немаат и потрошувачите од зградата бр. 64-б на булеварот „Партизански одреди“, а од 9 до 14 часот и дел од потрошувачите од улицата „Софиска“.

Исто така,  помешу 10 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат дел од потрошувачите од  улицата „Прашка“, од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, како и ТЦ „Олимпико“, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје.

Оттаму соопштуваат дека  причина за прекинот во снабдувањето со струја е изведување зафати во дистрибутивната мрежа од страна на ЕВН Македонија.
Слично

Поврзани вести