Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во каква Македонија сакаат да живеат младите?

Во каква Македонија сакаат да живеат младите?
Во изминатиот период, Фондот за Население на Обединетите Нации (УНФПА) организираше низа работилници, со цел младите од Македонија да ги споделат своите идеи и визии за тоа во каква Македонија и во каков свет сакаат да живеат до 2030 година. Гласот на младите од Гевгелија, Штип, Охрид, и Скопје вчера беше пренесен во живо до над 20 земји во рамките на промотивните активности поврзани со објавата на „Извештајот за состојбите на светското население - 2014”. Последната работилница која се оддржа во Скопје, а на која присуствуваа претставници од невладиниот сектор и студенти, беше одлична можност и за младите од главниот град да се вклучат во понудата на практични решенија, насочени кон подобрување на состојбите во светот. Пред одржувањето на истата, Македонија се вклучи во испраќањето на своите пораки за подобра иднина на Регионалната конференција во организација на УНФПА, на која повеќе од 20 држави ги споделија своите пораки преку специјално одбрани амбасадори за оваа цел. „Слушаме исти три пораки од младите во земјава. Првата е дека тие имаат потреба од образовен систем кој ќе ги подготви за подобро да се справат со вистинските потреби кои се создадени на пазарот на труд. Втората порака е дека тие се подготвени и сакаат да ги прифатат различностите во општеството како нешто што збогатува наместо да разделува. И последната порака е дека тие треба гласно да ги изразат своите потреби и да дејствуваат заедно доколку сакаат да ја оформат иднината која ќе обезбеди подобар живот за нив и нивните семејства”, изјави Луиза Винтон, Постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Македонија. Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, го поздрави ентузијазмот на младите за промени на општеството во кое живеат. „Верувам дека е навистина значајно што младите имаат желба и активно партиципираат во давањето сугестии за подобрување на иднината која токму тие, ќе треба да продолжат да ја градат. Фокусот на младите е од големо значење, а давањето шанса токму тие да дадат издржани предлози за подобрување на состојбите, говори дека Македонија има млади луѓе кои еден ден активно ќе се вклучат во изградбата на подобар свет за живеење, според нивните желби и идеи”, изјави министерот Спасов. Извршниот директор на УНФПА Бабатунде Остомехин порача дека денеска во светот живеат 1,8 милијарди млади луѓе и тие истовремено претставуваат голема сила која може да ја подобри индината. Младите луѓе се иноватори, креативци, градители и лидери на иднината. Но, тие тоа можат да го сторат само доколку поседуваат вештини, доколку се здрави, знаат да донесат одлуки и вистински избори во нивниот живот. Караванот работилници на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) под наслов „Гласот на младите: Иднината што ја сакаме“, опфати четири града и голем број млади луѓе, студенти, претставници на невладините организации, но и ентузијасти кои имаат своја визија за Република Македонија и како би сакале истата да изгледа во иднина. Гевгелија, Штип, Охрид и Скопје беа домаќини на работилници, кои според младите, дадоа можност токму тие да го споделат она што за нив и нивниот регион е најзначајно, а може да помогне при изградбата на подобар свет за живеење.
Во изминатиот период, Фондот за Население на Обединетите Нации (УНФПА) организираше низа работилници, со цел младите од Македонија да ги споделат своите идеи и визии за тоа во каква Македонија и во каков свет сакаат да живеат до 2030 година. Гласот на младите од Гевгелија, Штип, Охрид, и Скопје вчера беше пренесен во живо до над 20 земји во рамките на промотивните активности поврзани со објавата на „Извештајот за состојбите на светското население - 2014”. 
 
Последната работилница која се оддржа во Скопје, а на која присуствуваа претставници од невладиниот сектор и студенти, беше одлична можност и за  младите од главниот град да се вклучат во понудата на практични решенија, насочени кон подобрување на состојбите во светот. Пред одржувањето на истата, Македонија се вклучи во испраќањето на своите пораки за подобра иднина на Регионалната конференција во организација на УНФПА, на која повеќе од 20 држави ги споделија своите пораки преку специјално одбрани амбасадори за оваа цел. 
 
„Слушаме исти три (3) пораки од младите во земјава. Првата е дека тие имаат потреба од образовен систем кој ќе ги подготви за подобро да се справат со вистинските потреби кои се создадени на пазарот на труд. Втората порака е дека тие се подготвени и сакаат да ги прифатат различностите во општеството како нешто што збогатува наместо да разделува. И последната порака е дека тие треба гласно да ги изразат своите потреби и да дејствуваат заедно доколку сакаат да ја оформат иднината која ќе обезбеди подобар живот за нив и нивните семејства”, изјави Луиза Винтон, Постојаниот координатор на Обединетите нации во Република Македонија. 
 
Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, го поздрави ентузијазмот на младите за промени на општеството во кое живеат. 
 
„Верувам дека е навистина значајно што младите имаат желба и активно партиципираат во давањето сугестии за подобрување на иднината која токму тие, ќе треба да продолжат да ја градат. Фокусот на младите е од големо значење, а давањето шанса токму тие да дадат издржани предлози за подобрување на состојбите, говори дека Македонија има млади луѓе кои еден ден активно ќе се вклучат во изградбата на подобар свет за живеење, според нивните желби и идеи”, изјави Министерот Спасов.

Со порака и Извршниот директор на УНФПА, Др. Бабатунде Остомехин порача дека иако денеска во светот живеат 1,8 милијарди млади луѓе и тие истовремено претставуваат голема сила која може да ја  подобри индината. Младите луѓе се иноватори, креативци, градители и лидери на иднината. Но, тие тоа можат да го сторат само доколку поседуваат вештини, доколку се здрави, знаат да донесат одлуки и вистински избори во нивниот живот.

Караванот работилници на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) под наслов „Гласот на младите: Иднината што ја сакаме“, опфати четири града и голем број млади луѓе, студенти, претставници на невладините организации, но и ентузијасти кои имаат своја визија за Република Македонија и како би сакале истата да изгледа во иднина. Гевгелија, Штип, Охрид и Скопје беа домаќини на работилници, кои според младите, дадоа можност токму тие да го споделат она што за нив и нивниот регион е најзначајно, а може да помогне при изградбата на подобар свет за живеење.
Слично

Поврзани вести