Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во кафето на „Старбакс“ пристига и алкохолот

Во кафето на „Старбакс“ пристига и алкохолот

Ланецот на кафетерии  „Старбакс“  најави дека наскоро ќе понуди пиво и вино во нивните кафетерии кои може  да се нарачаат во вечерните часови.

Овој американски гигант, кој има повеќе од 700 продавници ширум Велика Британија, ќе понуди и ново мени - топли јадења и грицкалки.

Проектот наречен „Старбаксово попладне“ прво ќе се воведе во кафетериите на аеродромите, а потоа и во другите кафетерии ширум светот. Во Америка овој проект веќе заживеал и 30 филијали нудат нови услуги.

Портпаролот на „Старбакс“ Иан Кран рекол дека нивната основна цел е „Старбакс“ да го направат место во кое сите се добродојдени и навечер и наутро.

А нивниот најнов потег можеби ќе „ги украде“ клиентите на баровите и рестораните.

Слично

Поврзани вести