Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Јапонија изработија роботизирани рипки

Во Јапонија изработија роботизирани рипки

Јапонски научници создадоа мали роботи кои личат и се движат сосема како рипки, објави весникот „Мирор", цитиран од агенциите.

Единствено што ги издава дека не се живи, се брилијантите кои им блескаат во очи. Роботските риби беа прикажани од компанијата AIRO (Компанија за роботи и вештачка интелигенција) на Неделата на дизајн во Токио.

Повеќето луѓе им се восхитуваа и признаа дека е тешко да се разликуваат од живи риби. Други, пак, се запрашаа дали е можно тоа да е иднината на домашните миленици и дали чувството да се грижиме за робот може да е исто како да се грижиш за жива рипка.


Слично

Поврзани вести