Во Италија и Шпанија се одгледуваат две третини од доматите во ЕУ
Италија и Шпанија се главните производители на домати во ЕУ во 2015 година, покажува статистиката на Еуростат за производство на овошје и зеленчук.
Лани речиси 2/3 од доматите на пазарот во ЕУ дошле од Италија (36,3% од вкупното производство, или 6,4 милиони тони) и Шпанија (27,4% или 4,8 милиони тони). Третото место го зазема Португалија со 1,4 милиони тони, што претставува 8% од вкупното производство на домати во ЕУ.
Вкупно во ЕУ минатата година биле одгледани 17,6 милиони тони домати, 2,3 милиони тони краставици, 5,1 милиони тони моркови и 1,4 милиони тони тиквички.
Податоците на Еуростат покажуваат дека во 2015 година најголемиот производител на јаболка во ЕУ била Полска, каде што се произведени 3,1 милиони тони. Тоа е 25% од вкупното производство во ЕУ. Понатаму, следат Италија и Франција.
Шпанија, Италија и Грција се главните производители на праски во унијата, покажа статистика на Евростат.
