Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во иднина ќе голтаме лозинки?

Во иднина ќе голтаме лозинки?

Често ја заборавате лозинката со која се пријавувате на различни сервиси? Моторола можеби во иднина ќе го има вистинското решение.

Една од експерименталните идеи е лозинката да биде во вид на капсула која ја проголтуувате, а таа ќе го пренесе сигналот од вашето тело кон уредите. За нејзина работа не е потребна батерија, бидејќи се напојува преку стомачната киселина, пренесува  BBC.

Потенцијално решение би можела да биде и електронска тетоважа, која се лепи на кожата, а на основа на која  вашите уреди ќе ве идентификуваат.

Во случајот на двете решенија, а посебно на лозинката-таблета, ќе мора да почекаме, раководителите на Моторола велат дека не би требало да чекаме вакво нешто во продажба наскоро.

 
Слично

Поврзани вести