Во Хрватска растат цените на житариците, овошјето и зеленчукот
Просечните цени на производителите на житни култури во третиот квартал беа повисоки отколку во истиот период минатата година за 4,6%, висок раст, до 29,3%, на зеленчук, додека кај овошјето цените се зголемија за 2,8%, покажуваат податоците од Централното биро за статистика (КБС) во Хрватска.
Статистика за тромесечниот извештај на цените во земјоделството покажува дека просечните цени на производителите на земјоделски производи во третиот квартал на 2012 година во споредба со истиот период лани се повисоки за 10,7%. Додека цените на добитокот, живината и сточарски производи се повисоки за 3,6%, додека цените на растителни производи се зголемија за 16,2%. Цените на млекото пак во третиот квартал на 2012 година во споредба со истиот период минатата година биле пониски за 10,9%, додека цените на јајцата се зголемени за 15%.
Слично
