Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Хонг Конг претставени најскапите чизми во светот

Во Хонг Конг претставени најскапите чизми во светот
Белгиски бренд во присуство на 400 ВИП гости (вклучувајки ја и Кралицата Матилда од Белгија) , ги претстави дијамантските женски чизми вредни  3.1 милиони  долари на изложба , што се одржа во Хонг Конг на  Business of Design Week од втори до седми декември оваа година. Најскапите женски чизми на светот се покриени со скапоцен слој од 39.083 дијаманти  со сива и розова боја, и полирани дијаманти со боја на шампањ , со вкупна тежина од 1.550 карати. Овие дијамантски чизми се изработени по нарачка на Антверпенскиот светски дијамантски центар во соработка со златарата Diaro  и познатото дизајнерско дуo  Ф.А.Вандеворст. Целиот процес на дизајнирање и шиење на чизмите како и ставањето на дијамантите траело 30 работни часа , што може да се забележи во квалитетната изработка , префинетиот вкус и луксузениот  изглед.
Слично

Поврзани вести