Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Гевгелија ќе се одржи Reefer Master Class - двочасовна работилница посветена на најновите трендови и практики во фриго логистиката

Во Гевгелија ќе се одржи Reefer Master Class - двочасовна работилница посветена на најновите трендови и практики во фриго логистиката

На 22 април 2026 година, во хотел Paint It Black во Гевгелија, ќе се одржи Reefer Master Class - двочасовна работилница посветена на најновите трендови и практики во фриго логистиката, како и на успешното справување со клучните предизвици во синџирот на снабдување, специфични за нашиот регион и за фриго-контејнерите. 

Работилницата има за цел да пренесе практични сознанија и да ги приближи најдобрите практики за управување со температурно-контролирани товари, технологијата на фриго-контејнерите и правилните поставки за температура, вентилација и влажност. Учесниците ќе добијат практични совети за зачувување на квалитетот на производите низ целиот синџир на снабдување, како и информации за потенцијални извозни пазари и ценовни услови.

Оваа дискусија и едукација од областа на фриго логистиката е од суштинско значење за конкурентноста на македонските извозни компании. Меѓу презентерите на настанот се Љиљана Лукиќ од MSC Србија, призната експертка која ќе ги сподели своите професионални искуства и знаења со присутните, како и Драган Ивановски, Началник на одделение за царинска тарифа, потекло и царинска вредност на стока - Секторот за царински систем.

Оваа работилница е организирана од Швајцарската Комора на Северна Македонија, со поддршка и во соработка со Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост - ИМЕ и MSC Mediterranean Shipping Company - Скопје.

Организаторите нагласуваат дека местата се ограничени и повикуваат заинтересираните да се пријават преку следниот ЛИНК.

пр објава

Слично

Поврзани вести