Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во функција апликацијата за ГИС-системот во Штип

Во функција апликацијата за ГИС-системот во Штип

Почна да функционира веб апликацијата на  Гео информациониот систем на Општина Штип.

Според Одделението за урбанизам при Општина Штип на апликацијата која се наоѓа на веб страницата www.stip.gov.mk се достапни триесетте Детални урбанистички планови од 1967 до денес.

- Секој корисник на интернет, со едноставно кликнување на банерот кој е на првата страничка на Општина Штип, имаат можност да влезат во ГИС системот и да пребаруваат информации за одредени параметри за нивните имоти. Тоа подразбира планска документација како и сателитски снимки од имотот, со пребарување по адреса или локација, вели Соња Иванова, вработена во Одделението за урбанизам .

Таа истакна дека кога системот ќе биде потполно оперативен ќе овозможува увод во многу податоци од областа на урбанизмот. Предвидени се податоци кои се однесуваат на шест главни области: општинска управа, сообраќајна инфраструктура, енергетска инфраструктура, комунална инфраструктура и разно, со повеќе подобласти како што се: предлози и иницијативи, општинска сопственост, даноци, одобренија за градба и неизградено градежно земјиште.

Драган Ристов, портпарол на Општина Штип изјави дека општината за реализирање на ГИС-системот доби грант од Владата на Словенија. Според него основната цел на градоначалникот на Општина Штип, Зоран Алексов е со користењето на ваквиот систем на граѓаните да им се овозможи на поедноставен електронски начин да ги добиват своите документи и тоа според европските модели и практики.

Слично

Поврзани вести