Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во духот на Божик Џенифер Хадсон му подарила куќа на својот асистент

Во духот на Божик Џенифер Хадсон му подарила куќа на својот асистент

Акерката Џенифер Хадсон овој Божик била повеќе од дарежлива. Таа на својот долгогодишен асистент му приредила вистинско изненадување за празникот, купувајќи му куќа, која му ја дала како подарок, а тој не можел да поверува.

Асистентот Волтер Вилијамс не можел да ги скрие своите емоции, почнал да вреска од среќа и на крајот скокнал врз Џенифер во знак на благодарност.

Волтер скокал од возбуда, а потоа се затрчал кон глумицата, која се обидувала да побегне, но безуспешно бидејќи тој успеал да ја фрли на каучот.

- Што? Вау, биле единствените зборови кои успеал да ги каже пресреќниот асистент откако добил куќа на подарок.

Џенифер и Волтер се познаваат уште од основно училиште, а актерката својот асистент го смета и за најдобар пријател.

Слично

Поврзани вести