Во Дубровник започна да се снима филмскиот спектакл Робин Худ
Дубровник прераснува во вистински филмски град и со прекрасните пејсажи и стари градби е омилен на холивудските режисери и директори на фотографија за снимање на филмови и ТВ серии со историски карактер.
Најнов спектакл кој ќе се снима во Дубровник е најавената трилогија за Робин Худ која ќе има сосема нов пристап кон реализирање на англиската легедна, а како што се најавува, во Дубровник ќе пристигнат и неколкумина оскаровци, меѓу кои се Џејми Фокс. Робин Худ ќе го глуми Тарон Еџертон, додека улогата на Марион и припадна на Ирката Ева Хевсон.
Во Дубровник веќе се снима хит серијата „Игра на тронови“ која дополнително го прочу Бисерот на Јадранот. Меѓу продуцентите на Робин Худ е и оскаровецот Леонардо Ди Каприо кој засега не е потврдено дали ќе има своја улога во филмот.
