Во Дубаи прашума во луксузен хотел
Дубаи повторно изненадува со архитектонски и технолошки чуда.
Овој пат се работи за мега проект - тропска прашума во луксузен хотел.
Ова ќе биде прва прашума во некој објект и ќе се протега на 7000 квадрати.
Првите гости ги очекуваат во 2018 година, а хотелската зграда ќе биде на 53 ката, ќе има 448 соби и 280 апартмани.
Проектот е во почетна фаза, а се очекува дека прашумата ќе се отвори паралелно со хотелот. Во прашумата ќе има сензори кои ќе симулираат паѓање дожд, така што никој нема да биде мокар.
Целта е да се понуди одмор и забава за сите годишни времиња.
На врвот на хотелот за гостите ќе има и базен.
Слично
