Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Дојран само 200 објекти имаат право да издаваат соби и апартмани

Во Дојран само 200 објекти имаат право да издаваат соби и апартмани
Околу 200 објекти во Дојран досега имаат добиено решенија за издавање на соби и апартмани, соопшти директорот на Туривтичкото биро, Перо Митаноски. - Акцијата за категоризација на издавачките објекти во општина Дојран што стартуваше кон крајот на мај, имаше цел да ги открие издавачите на соби кои непријавено даваа ваков вид услуги и претставуваа нелојална конкуренција. Очекувам бројката на категоризирани објекти да порасне на 250, имајќи предвид дека акцијата се уште трае - вели Митаноски. Тој им препорачува на туристите што ќе престојуваат во Дојран, да изнајмуваат соби и апартмани во објекти пред кои е истакната табла за извршена категоризација.
Слично

Поврзани вести