Во делови од повеќе скопски населби утре ќе нема струја
Утре во периодот од 12 до 13 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од улиците Јордан Филиповски, Трпе Петровски, Петар Дељан и Жил Верн, од 11 до 12 улиците Мегленска, Кавалска и Милан Михалковиќ, а од 9 до 12 и улиците Дарвинова и Тургењев во општина Кисела Вода, јави Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Од 8.30 до 11 часот ќе нема струја на улиците Димитар Беровски, Партение Зографски, Востаничка, Рилски Конгрес и Ѓорѓи Скижевски во општина Центар, а од 12 до 13часот на улицата Самоилова.
Од 13.45 до 14.45 ќе нема струја на дел од улица Леринска во Карпош, а од 9 до 14 часот на булеварот Македоска Косовска Бригада во Чаир.Во периодот од 9.45 до 15.30 часот струја ќе нема во селото Копаница, општина Сарај.
Прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во тие регионипосочуваат од ЕВН Македонија.
Слично
