Во далечната 1976 ќерките ја фрлиле во река: 40 години подоцна, судбината дошла по своето!
Индијка стара 82 години за која семејството верувало дека е мртва веќе 40 години одеднаш се појавила на куќниот праг на семејството.
Семјството верувало дека Виласа починала откако ја каснала отровна змија, а нејзиното тело, тогаш, верувајќи дека веќе не е меѓу живите, според обичаите го пуштиле низ река.
Меѓутоа, таа открила дека oтровот од змијата која ја каснала не ја убил туку само изгубила свест. Раскажува дека не можела да се сети кој е откако рибарите ја извлекле од реката, па 40 години живеела далеку од своето семејство додека сеќавањето изненадно не и се вратило.
Се почнало во 1976 година кога тргнала на работа по вообичаениот пат, преку полињата близу својата куќа во селото Инајатпур на Северот од Индија. Тогаш ја каснала црна кобра откако итно е префрлена кај локален тревар кој, за жал, не можел да и помогне, па ја прогласил за мртва.
Семејството нејзиното тело по обичај го фрлило низ реката Гангес со сите пропратни ритуали на погреб. По обредот сите се вратиле дома, а нејзиното тело реката го однела низбрдо додека не го откриле локални рибари кои сфатиле дека жената е жива.
Ја извлекле од вода и ја однеле во селскиот храм каде ја негувале додека не си дошла при свест и додека не се оправила. Но, сеќавањето го изгубила и веќе не знаела ниту кој е ниту откаде е, се донеодамна, кога сеќавањето почнало да и се враќа.
Се сетила на своите ќерки Рам Кумари и Муни и се вратила дома. Жените биле шокирани кога ја виделе мајка си за која мислеле дека одамна починала.
