Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во четврток почнува серијалот Алхемија на Балканот посветен на Македонија

Во четврток почнува серијалот Алхемија на Балканот посветен на Македонија

Ал Џезеира Балканс го продолжува својот циклус Алхемија на Балканот со 9 получасовни емисии за Македонија, кои се гледаат во еден здив, кои поттикнуваат на размислување и кои, необично за медиумските прилики на ова поднебје, немаат скриени намери и тенденциозни пораки.

Во првата емисија од серијалот Алхемија на Балканот - Македонија, на кратко ќе ги видите најинтересните места, природните убавини, Охридското езеро со неговите знаменитости - бисери, пастрмката, чистата и бистра вода, туристичките атракции.

Alhemija Balkana_Katarina

Ќе ги видите и протагонистите на политичката сцена - премиерот Никола Груевски и шефот на опозицијата Зоран Заев. Големиот македонски режисер Милчо Манчевски ќе зборува за своите емоции кон земјата каде е роден, но и дека не е задоволен од напредокот и дека смета „дека секој секому вири под пазуви“ и дека меѓучовечките односи не се јасни, чисти и проветрени.

Ќе ги видите и оазите на претприемништвото, луѓето кои го носат економскиот напредок а кои ќе ги има и во останатите емисии.

И како слатко изненадување, ќе разговараме и со убавата Македонска Катерина Ивановска, која живее во Њујорк, но која и понатаму се чувствува најсреќна во родното Скопје.

Не пропуштајте ја првата епизода, четврток, во 21.30 ч. на Ал Џезеира Балканс.

Слично

Поврзани вести