Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во четврток ќе се одржи 22-рото Бизнис Кафе Македонија

Во четврток ќе се одржи 22-рото Бизнис Кафе Македонија

Во четврток на 30.03.2017 г. од 18:00 чaсот во Brick bar во Парк Хотел и Спа ќе се одржи 22-рото по ред Бизнис Кафе Македонија. 

Гости на настанот ќе бидат: 
Марин Докузовски - моментален тренер на КК Работнички, поранешен македонски професионален кошаркар и поранешен селектор на Машката кошаркарска репрезентација на Македонија, Вера Милошевска – Јосифовска –„Љубојна“ и Муарем Муртезани - Сопственик и Генерален Менаџер на компанијата „Алма-М" Дооел Скопје.

Дружењето трае 2-3 часа. Првиот час е резервиран за гостите, успешни сопственици - претприемачи, кои во отпуштена атмосфера одговараат на прашања на модераторот и гостите, делејќи го своето работно и животно искуство, проследено со бизнис вмрежување (speed dating) и дружење.

Учесниците на бизнис кафето добиваат Нескафе (ладно и топло) и флаширана вода од организаторот, нови контакти, договарање на соработка, мотивација, делење на информации и знаења, размена на искуства, стекнување на нови потенцијални клиенти и бизнис партнери, можност за освојување на интересни награди.

НЕ заборавајте со вас да понесете многу визит карти, ќе Ви бидат потребни за speed dating – от!!!

Картите за настанот може да ги купите на http://www.kupikartizase.com/Events/business_cafe_22 ; на фактура пратете маил на: mkbizniskafe@gmail.com или директно на трансакциска сметка: 210 - 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан).

Слично

Поврзани вести