Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Чаир постигнаа граѓански компромис?! – Наместо 10 ќе се изградат само 2 висококатници

Во Чаир постигнаа граѓански компромис?! – Наместо 10 ќе се изградат само 2 висококатници

Жителите на Чаир, општина можат да здивнат бидејќи зеленилото е зачувано и ќе се стопира изградбата на висококатниците.

„Направивме граѓански компромис“ – изјави градоначалникот Изет Меџити, кој појасни дека 10-те маркички за изградба на згради ќе се избришат, но две ќе се реализираат, објави „24 Вести“.

И од Иницијативниот одбор за промена на Деталниот урбанистички план се задоволни. Велат, без дијалог нема прогрес.

Поради стопирањето на градбата на висококатиците од општинското конто се губат 5 милиони евра.

По најавата за промена на ДУПОТ со недели граѓаните на општина Чаир протестираа барајќи да не се уништуваат парковите, а на инвеститорите да не им се дозволува изградба на стамбени површини на зелен појас.

Слично

Поврзани вести