Во борба за третото место КЛ7 Струга убедливо го порази градскиот ривал
Во натпревар на двете екипи кои на овој завршен натпревар турнир настапија без странски играчи, КЛ7 Струга убедливо го совлада градскиот ривал со резултат 31:21.
КЛ7 Струга на овој турнир имаше најмлад состав и со самото тоа и овој резултат е показател дека екипата се движи во вистинска насока и дека вчерашниот пораз е само еден лош ден или период од натпреварот.

Ова беше натпревар кој помина во целосна наша контрола. РК Струга го отвори натпреварот со 0:1 и тоа беше единствено водство за нашиот противник. За брзо време дојдовме до водство од 7:3 и успеавме да го задржиме до крајот на натпреварот. Пред крајот на првото полувреме следеше наше мало опуштање и му дозволивме на противникот да се доближи до само еден гол разлика односно 13:12

КЛ7 Струга - РК Струга 31:21 13:12


