Во Белград хостели во згради само со одобрение на станарите
Во Белград хостели во згради во иднина ќе можат да се отвараат само со пишано одобрение на станарите.
Досега во оваа дејност имало хаос и се отварале хостели кој каде сака, без некои посебни правила. Сега се дефинира под кои услови ќе може да се отвори хостел во зграда, што треба да има, ќе мора да се потпише договор со Собранието на станари, да се почитуваат одредени правила и обврски. Оние кои издаваат соби во згради, а не се регистрирани веќе нема да можат да се рекламираат на интернет сајтовите за огласување.
Хостелите кои веќе работат во зградите, имаат рок до 31 декември да обезбедат согласност од станарите во зградата.
Слично
