Во Аргентина открија 30-тонски метеор
Во северниот дел на Аргентина беше откриен 30-тонски метеор, за кој се смета дека е втор најголем во светот, пренесе ДПА, повикувајќи се на аргентинската новинска агенција Телам.
Тим од научници утврдиле во саботата дека се работи за тежина од 30 800 кг во провинцијата Чако, на околу 800 километри северозападно од главниот град, Буенос Аирес.
Откритието е направено во месноста Кампо дел Сиело во општина Ганседо, каде имало метеорски дожд пред околу 4000 години.
Најголемиот метеор во светот, наречен Хоба, тежи над 50 тони и е откриен во Намибија пред речиси сто години.
Слично
