Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во 5 скопски општини утре ќе нема струја

Во 5 скопски општини утре ќе нема струја
Без напојување со електрична енергија утре ќе останат делови од општините Центар, Аеродром, Кисела Вода, Сарај и Карпош, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Во периодот од 8 до 14 часот без струја ќе остане дел од улица „11 Октомври“, во околината на Стара Рампа. Без напојување со електрична енергија од 8 до 16.30 ќе остане дел од булеварот АСНОМ бр. 52, бр. 56 и бр. 58, а од 9 до 11 часот , корисниците  од  улиците „Гаврил Радомир“, „Митре Влаот“, „Блажо Орландиќ“, „Димитар Македонски“ и „Црноризец Храбар“ во општина  Аеродром. Од 9.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од  село Ласкарци во општина Сарај, додека од 10 до 12 часот улиците „Пандо Кљашев“, „Полог“, „Кара Трифун“, „Милан Мијалкович“, „Пеју Јаворич“, „Зеленгора“, „Караџица“ и „Кочанска“ во населбата Црниче во општина Кисела Вода. Од 11.30 до 15.30 часот без струја ќе бидат корисниците од улица „Козле“ од бр. 100 до бр. 140 во општина Карпош, стои во соопштението од РЦУК.
Слично

Поврзани вести