Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНУКАТА НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА БРЕМЕНА! Бакингемската палата сподели радосна вест, еве кога се очекува новороденчето!

ВНУКАТА НА КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА БРЕМЕНА! Бакингемската палата сподели радосна вест, еве кога се очекува новороденчето!

Принцезата Јуџин го очекува своето второ дете со сопругот Џек Бруксбанк. Порѓај се очекува на лето.

- Принцезата Јуџин и господинот Џек Бруксбенкс со задоволство објавуваат дека летово го очекуваат своето второ дете - соопшти денеска Бакингемската палата, пренесува „Дејли мејл“.

Идните родители се венчаа во 2018 година во капелата Свети Џорџ во Виндзор, каде Меган Маркл и принцот Хари се венчаа истата година.

Јуџини и нејзината сестра принцезата Беатрис се ретки членови на британскиот двор кои се блиски со војвотката и војводата од Сасекс, што можеше да се види во серијата „Хари и Меган“ емитувана минатата година.


Нивното прво дете, синот Огуст, го добија во февруари 2021 година, објави Ројтерс.

Семејството е воодушевено и Огуст со нетрпение очекува да биде постар брат. Јуџин, е 11-та во редот за британскиот трон. Таа е помладата ќерка на братот на кралот, принцот Ендру и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон, војвотката од Јорк.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести