Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВНИМАВАЈТЕ: Со интернетот владее еден од најсофистицираните вируси

ВНИМАВАЈТЕ: Со интернетот владее еден од најсофистицираните вируси

Водечката компанија за компјутерска безбедност Symantec објави дека го открила еден од најсофистицираните вируси наречен Регин кој веројатно го создала некоја држава за да ги напада метите ширум светот.

Тој е во оптек шест години а еднаш кога се инсталира на компјутерот може да ја фотографира содржината на компјутерскиот екран, да украде лозинка или содржината на избришаните датотеки.

Експерти велат дека најмногу погодени се компјутерите во Русија, Саудиска Арабија и Ирска.

Вирусот е користен за шпиунирање на државните тела, фирми и приватни лица.

Експерти  велат дека вирусот е толку софистициран да како средство за шпиунирање мора да го создала некоја држава и дека тоа е процес кој траел со години со што творчите на вирусот вложиле големи напори за да ги сокријат нивните трагови.

Од Symantec велат дека личи на Stuxnet, компјутерскиот црв кој е создаден во американско-израелска режија како би ги нападнал иранско нуклеарните програми и би ја оштетил опремата, но за разлика од него Регин е создаден за да шпиунира.

Слично

Поврзани вести